Денеска на терените: Скандинавка како контрола пред Мундијалот

Со оглед на тоа што Норвежаните имаа два состави деновиве од кои едниот се подготвува за Мундијалот, а другиот игра квалификации за ЕП 2022, денеска следува нов дуел.

Првиот состав на Норвешка има интересен натпревар против Данска, а тоа ќе биде контрола која се игра од 20:15 часот.

Ова е денеска најинтересниот натпревар од кратката програма бидејќи има само неколку дуели.

Има три пријателски средби, а има и еден натпревар од квалификациите за ЕП 2022, додека еден натпревар се игра во 2. лига во Данска.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

14:00ч

АРГЕНТИНА – ШПАНИЈА Б (Пријателска средба)

18:00ч

ТУНИС – ИВРИ (Пријателска средба)

19:00ч

БЈЕРИНГБРО – АЛБОРГ (Данска 2, жени)

20:15ч

ДАНСКА – НОРВЕШКА (Пријателска средба)

20:30ч

ИТАЛИЈА – ЛЕТОНИЈА (Квалификации за ЕП 2022)