Денеска на терените: Металург пак против Висла, Еурофарм го пречекува ГОГ

Двете екипи од Македонија кои се дел од Лигата на Европа денеска имаат натпревари. Ги очекуваат дуели со квалитетни ривали така што повеќе се очекува од тимот од Битола кој е домаќин.

Според саатницата први на терен излагаат ракометарите на Металург кои денеска го играат вториот дуел со составот на Висла Плоцк. Ова е пресметка на која домашните се фаворити и сите очекувања се тимот од Полска без поголем проблем да дојде до уште една победа особено поради проблемите во кои се наоѓаат металурзите кои се со намален ростер, а покрај тоа останаа и без Велко Маркоски за овој дуел.

Еурофарм Пелистер на домашен терен исто така не може да биде во комплетен состав бидејќи има повредени. Томислав Кушан сигурно нема да игра бидејќи е на листата на повредени, а останува да се види играчкиот кадар за овој дуел. ГОГ е силен ривал, но шансите за победа постојат.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

17:00ч

АЛИНГСАС – ЦСКА МОСКВА (Лига на Европа)

ЗУБРИ – ХРАНИЦЕ (Чешка Екстралига)

18:30ч

ФРЕДЕРИЦИЈА – ЕСБЈЕРГ (Данска 1)

18:45ч

БЕШИКТАШ – НЕКСЕ (Лига на Европа)

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – АОН ФИВЕРС (Лига на Европа)

ДИНАМО БУКУРЕШТ – КРИСТИЈАНШТАД (Лига на Европа)

ФУКСЕ БЕРЛИН – НИМ (Лига на Европа)

ВИСЛА ПЛОЦК – МЕТАЛУРГ (Лига на Европа)

19:00ч

АРАНАС – ЛУГИ (Шведска 1)

ХЕЛСИНБОРГ – ХОВДЕ (Шведска 1)

ИШТАД ИФ – ГУИФ (Шведска 1)

СКУРУ – ХАЈД (Шведска 1, жени)

19:30ч

ОДЕНЗЕ – МИТЈИЛАНД (Данска 2)

20:30ч

ТУЛУЗ – ЛИМОЖ (Франција 1)

20:45ч

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГОГ (Лига на Европа)

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ТРИМО ТРЕБЊЕ (Лига на Европа)

МОНПЕЛЈЕ – МАГДЕБУРГ (Лига на Европа)

ТАТРАН ПРЕШОВ – СПОРТИНГ (Лига на Европа)

РАЈН НЕКАР – ТАТАБАЊА (Лига на Европа)

21:30ч

ПОРТО – ПОВОА (Португалија 1)