Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров денеска го има можеби најважниот натпревар во оваа сезона во првенството на Франција и на него ќе треба да се покаже најдоброто бидејќи во Нант гостува непоразениот состав на ПСЖ.
Ова ќе биде дуел кој дефинитивно ќе го привлече вниманието бидејќи се работи за дерби на кое мора да се одработи според планот. Се очекува најдоброто на теренот, а доколку сè биде според планот тогаш ова може да биде дуел на кој нијанси ќе пресудуваат.
Денеска ќе има интересни средби и во Бундес лигата каде што повеќето интернационалци од Македонија очекуваат возбудувања.
Секако главното оди на средбата Балинген – Магдебург. Тоа е двобој и меѓу Филип Талески и Филип Кузмановски така што ќе биде доста интересно на теренот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
15:00ч
АСТРАХАНОЧКА – ДИНАМО СИНАРА (Куп на Русија, жени)
16:00ч
РЕШИЦА – ЧСМ ФАГАРАШ (Романија 1)
ТЕМИШВАР – ВАСЛУИ (Романија 1)
17:00ч
КАЛАРАШ – ЧСМ ФОЧАНИ (Романија 1)
17:10ч
НОВЕ ВЕСЕЛИ – КОПРИВНИЦЕ (Чешка Екстра лига)
17:25ч
СТЕАУА – ПОТАИСА ТУРДА (Романија 1)
18:00ч
ЛУБЛИН – ЈАРОСЛАВ (Полска Супер лига, жени)
19:00ч
БАЛИНГЕН – МАГДЕБУРГ (Германија Бундес лига)
ЕРЛАНГЕН – ЛУДВИГСХАФЕН (Германија Бундес лига)
ФУКСЕ БЕРЛИН – НОРДХОРН (Германија Бундес лига)
ЛЕМГО – ВЕЦЛАР (Германија Бундес лига)
МЕЛЗУНГЕН – БЕРГИШЕР (Германија Бундес лига)
КРИСТИЈАНШТАД – ГУИФ (Шведска 1)
САВЕХОФ – ИШТАД ИФ (Шведска 1)
ЛУГИ – СОДЕР (Шведска 1, жени)
19:45ч
БЕРН – СТ. ГАЛЕН (Швајцарија 1)
20:15ч
ФАДИ ВИНТЕРТУР – КРИЕН (Швајцарија 1)
20:45ч
НАНТ – ПСЖ (Франција 1)