Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе имаат натпревар од СЕХА лигата со што ќе ја отворат сезоната во регионалното натпреварување и во Групата А.
Битолчани од 17:45 часот ќе ја пречекаат Металопластика и на овој натпревар ќе влезат како фаворити за победа.
Доколку играчите на Еурофарм Пелистер успеат да одиграат како на последниот дуел против Тримо тогаш за очекување е да немаат проблем да се изборат за триумф.
Секако ќе биде интересно на овој дуел со оглед на тоа што конечно почнува и СЕХА лигата која продолжува во февруари, па ќе биде интересно да се види како битолчани ќе се снајдат на теренот.
Денеска ќе има уште неколку други средби, а списокот на дуели предвидени за 21 декември може да се види во продолжение.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
14:30ч
СУНГУЛ – СТАВРОПОЛ (Русија Супер лига)
17:00ч
ЛУЧ – ЛАДА ТОЉАТИ (Русија Супер лига, жени)
17:45ч
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СЕХА лига)
19:00ч
ИФК ИШТАД – МАЛМЕ (Шведска 1)
КРИСТИЈАНШТАД – АЛИНГСАС (Шведска 1)
ЛУГИ – ХОВДЕ (Шведска 1)
РЕДБЕРГСЛИД – ГУИФ (Шведска 1)
КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – СУР (Швајцарија 1)
22:00ч
САО МАМЕДЕ – БОАВИСТА (Куп на Португалија)