Двајцата македонски репрезентативци, Жарко Пешевски и Филип Талески, немаа многу причини за радост по денешните натпревари во Бундес лигата.
Пешевски и Штутгарт загубија убедливо на гостувањето кај силниот Хановер со 32-19, а македонскиот пивотмен не погоди ниту еднаш од три обиди.
Талески и Балинген, пак, исто така беа поразени на гостувањето кај Мелсунген со 36-23, а македонскиот лев бек даде еден гол од два обиди.
Во текот на денот, Вецлар со Филип Миркуловски ќе игра со Лудвигсхафен на Мартин Томовски, а Магдебург со Филип Кузмановски ќе гостува кај Нордхорн.