Ракометарите на Охрид одработија натпревар во Купот на Македонија во кој очекувано дојдоа до висока победа од 45:12 против Делчево Вардар.
Кој оди понатаму од овој двобој беше јасно после првото полувреме. Домашните поведоа со 1:0 во 2. минута, а потоа примија четири гола. Сепак, до средината на првиот дел имаше интересен ракомет бидејќи Делчево Вардар се врати и постигна четири гола во серија.
Ова беше најава а далеку подобра игра на гостите кои тргнаа посилно и успеаја да стигнат до високи 21:8 на полувреме. Овие плус 13 беа причина за уште поефикасен втор дел во кој немаше проблеми за суперлигашот.
Освен голманите и Денис Тот денеска сите играчи на Охрид се најдоа меѓу стрелците, па ова беше добра можност за загревање пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – ОХРИД 12:45 (8:21)
Сала: М. М. Брицо во Делчево. Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.
ДЕЛЧЕВО ВАРДАР: Лазаревски, Ѓорѓиев 1, Манов, Велков, Стоиловски 1, Шонтевски, Ѓеоргиевски, Дамјанов 3, Чучуровски 1, Ѓоргиевски 6
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 12 мин.
ОХРИД: Брауновиќ, Даниловски, Андоноски 7, Ивановски 2, Кривокапиќ 4, Блажески 6, Костов 4, Чагаљ 1, Николов 4, Соколов 1, Младеновиќ 3, Тасески 2, Манасков 3, Ристески 6, Димитриески 2, Тот
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 14 мин.