Медиа тимот на ЕХФ ги објави најдобрите пет одбрани на голманите од деветтото коло во Лигата на шампионите.
Двојната одбрана на Градимир Чаневски од Еурофарм Работник, на средбата која македонскиот тим ја загуби од финскиот Кокс, е избрана за најдобра на колото.
Покрај Чаневски, во изборот на ЕХФ влегоа и одбраните на Биоска од Кадетен, Коралес од ПСЖ, Вулф од Келце и Пешиќ од Мешков Брест.
Најдобрите пет одбрани можете да го погледнете ТУКА.