Тимот на Младост Богданци веќе три недели се подготвува за стартот на пролетниот дел од Суперлигата и битката за опстанок.
Претходните денови во Богданци пристигнаа засилувањата – левиот бек Никита Лошчаков од Белорусија и пикерот Руслан Гончаров од Украина, а на тренинзите се појави и молдавскиот интернационалец Александар Лупашко, кој играше за Младост и есента.
Лошчаков, кој има 25 години и одлични физички предиспозиции (199 цм, 95 кг), а во Богданци доаѓа од екипата на Витјаз Леон. Претходно настапуваше за рускиот Таганрог, за Конон Гродно, а во сезоната 2018/2019 играше и за Мешков Брест, но најчесто во домашното првенство и СЕХА лигата. Лошчаков беше и младински репрезентативец на Белорусија.
Украинскиот пивотмен Руслан Гончаров е 26-годишен, поранешен младински репрезнтативец (207 цм, 125 кг), а минатата сезона ја мината во германскиот Сонеберг. Претходно беше дел од ЗТР Запорожје и играше во ЕХФ Купот и Балтичката лига.
Младост го чекаат тешки битки за опстанок и натпревари против Тиквеш, Прилеп, Работнички, Астраион, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и КЛ7.