Тимот на Куманово донесе уште две засилувања пред стартот на новата сезона, во која ќе се бори за шампионската титула.
По голманката Катарина Митровиќ, кумановки донесоа две млади босански интернационалки.
Станува збор за левиот бек Хана Бечирхоџиќ, која може да ја покрие и средната бековска позиција и пивотменот Амела Џамкиќ.
Претходно договорите со Куманово ги продолжија капитенот Александра Боризовска и десниот бек Бранкица Марковиќ.