Младите ракометари родени во 2003 година, Давид Мирчевски и Марко Стојковиќ остануваат дел од тимот на КЛ 7 и ќе играат за овој состав и во иднина. Тие потпишаа нови договори така што ќе продолжат со настапите за клубот кој во новата сезона ќе се натпреварува во сениорска конкуренција.
Мирчевски е играч кој е во клубот од почетокот додека Стојковиќ се приклучи во декември во 2019 година.
Се работи за млади играчи кои во новата сезона покрај за првиот тим ќе можат да играат и за кадетите и за младинците на КЛ 7.