Машката репрезентација на Македонија следните квалификациски натпревари за ЕП 2022 година ќе ги игра во март догодина.
Најпрво во Скопје, на 10 март со почеток во 20:00 часот, избраниците на Данило Брестовац ќе се соочат со Данска.
Вториот меѓусебен натпревар овие две селекции ќе го одиграат во Алборг, на 14 март со почеток од 16:00 часот.
Македонија досега забележа две победи, една на домашен терен против Финска, а втората на гостински терен против Швајцарија.