Данска ја враќа публиката на трибините – дозволено е над 500 навивачи

Трибините на натпреварите во новата сезона од шампионатот на Данска нема да бидат празни. Донесена е одлука за враќање на публиката во салите на спортските натпревари, но ќе мора да бидат почитувани посебни мерки од почеток до крајот на дуелите.

Според одлуката гледачите ќе треба да бидат одалечени еден од друг еден метар, а тоа значи дека ќе може да има повеќе од 500 гледачи на еден натпревар. Во случај да се од исто семејство ќе можат и да седат еден до друг така што мерките се веќе добро познати.

Покрај ова наложено е во салите да не се служи алкохол за време на натпреварите, а при купување на билетите за средбите секој гледач ќе добие кодекс на однесување.

При влезот во салата ќе мора да се оди исклучиво каде што е пропишано и веднаш да се седне на местото и нема да има движење додека трае натпреварот.

Во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните и како овие мерки ќе се покажат ќе се менува протоколот. Ќе се види дали има позитивен одговор на ова и доколку заклучокот биде позитивен тогаш може да дојде до уште поголемо враќање на гледачите во салите.