Женската сениорска репрезентација ја очекува настапот на квалификацискиот турнир за пласман во баражот за Светското рвенство во Шпанија во 2021 година.
Ждрепката им ги додели Исланд, Литванија и Грција на избраничките на Симе Симовски, а најдобрите две од групата продолжуваат во баражот.
Распоредот е веќе познат. Во првиот натпревар, Македонија ќе игра со Исланд, во вториот со Литванија, а на крај со јужниот сосед.
Турнирот веројатно ќе се игра во Грција, а доколку тие се откажат право на организација ќе има Македонија.
Има два можни термини за играње, од 27 до 29 ноември, како и од 4 до 6 декември.