Тимот на Дунајварош, каде што настапува македонската репрезентативка Сања Дабевска, забележа победа во натпревар од 24. коло во унгарскиот шампионат.
Дунајварош на домашен терен славеше над составот на Кишварда со 29-23, иако на полувреме беше нерешено, 13-13.
Македонската репрезентативка Дабевска беше стрелец на три гола на овој дуел, а стандардно си ја заврши работата во одбрана.
Со овие бодови Дунајварош се израмни на табелата со Кишварда на осмата позиција со 16 бода, а до крајот на сезоната има уште две кола и ќе игра против Бекешчаба и ЕРД.