Левиот бек на екипата на Вардар, Сергеј Горбок во следната сезона нема да го носи „црвено-црниот“ дрес. Тој е уште еден од ракометарите кои си заминуваат од клубот.
Горбок се прости со Вардар преку својот профил на Инстаграм каде што објави дека во новата сезона нема да биде дел од играчкиот состав на вардарци. Сепак, нема инфо од негова страна дали ова значи крај на неговата играчка кариера или, пак, ќе продолжи во друга екипа.
„Сакам да кажам едно големо благодарам за сето она што го имам доживеано во овој клуб. Голема благодарност досите фанови и градот Скопје. Јас сум многу среќен што успеав да запознаам многу луѓе и сите тие да станат дел од мојот живот. Многу голема благодарност до Сергеј Самсоненко и за најдобриот ракометен клуб во светот. Бев среќен да играм за овој клуб со толку прекрасни луѓе. Ви благодарам на сите премногу“, напиша Горбок на својот профил на Инстаграм.