Ракометарите на Вардар одигра борбено прво полувреме кое успеаја да го решат во своја корист со 17:16. Имаа и плус пет, но не ги зачуваа, па во финишот се изборија за предност против квалитетниот ривал од Полска.
Од стартот на средбата се виде мотивираноста на вардарци овој дуел да го решат во своја корист. Тргнаа без Кристопанс и со Чупиќ како десен бек, но и со 7 на 6 во напад што можеби беше некое изненадување бидејќи таква игра Вардар сезонава користел само на моменти на дел од средбите.
Ова даваше резултат на стартот од средбата, а Вардар после неполни девет минуги имаше резултат од 7:3 што беше одлично за почетокот на овој дуел. На ова Келце одговори со погодоци преку Јуркиевич и Карачиќ и со одбрана на Волф, за веднаш потоа да следува „решетање“ од сите страни, па Чупиќ, Калараш и Атман обезбедија 10:5 на средина од првото полувреме.
Колку што беше добар овој период толку беа лоши следните три минути во кои играјќи со ракометар помалку и без голман беа загубени неколку топки, па Келце брзо намали на само еден гол разлика.
И во следните минути не одеше најдобро. Неколку акции во кои вардарци чекаа прекршок, судиите останаа без реакција, па Келце успеваше брзо да пресече и буквално го полнеше празниот гол бидејќи Вардар и понатаму играше со два пивоти во напад.
Во финишот на првото полувреме, сепак, Вардар дојде до предност од 17:15, но на одмор се замина со гол позитива откако беше примен уште еден погодок пред крајот на првиот дел.
Најефикасни со по четири гола после првиот дел во Вардар се Скубе и Стоилов. Во Келце исто толку погодоци имаат Душебаев и Јанц.