Некогашниот македонски репрезентативец Влатко Митков од оваа сезона ги брани боите на австрискиот второлигаш Холабрун.
39-годишниот десен бек и покрај тоа што е највозрасниот играч во екипата, е втор стрелец во досегашниот дел од сезоната.
Митков има постигнато 39 погодоци на осум натпревари и покажува дека игра се уште во одлична форма, иако се пресели во еден ранг подолу во споредба со претходните сезони.
Десниот бек во Македонија беше дел од Пелистер, а потоа играше и во Бундес лигата осум сезони во Вецлар, Хам, Вилштат и Балинген, пред да се пресели во Австрија и да остави белег во Кремс, Брегенц и Барнбах.