Младиот голман од Црна Гора, 23-годишниот Никола Матовиќ е нов „чувар на мрежата“ на тимот на Струга откако потпиша договор на една година за суперлигашот.
Матовиќ доаѓа од редовите на Железничар од Ниш каде што играше во последните две сезони, а пред неколку дена беше вброен меѓу можните засилувања за голот на тимот на Пролет. Сепак, не дојде до овој трансфер и тој е новиот голман на екипата на Струга.
Кариерата ја почна во редовите на Ловќен, а пред да замине во Железничар постоеше опција да се најде и во тимот на Ајзенах од Германија. До овој трансфер не дојде поради проблеми со работната дозвола, а го посакуваше и тимот на Загреб.
Станува збор за квалитетен голман кој ги има поминато младинските селекции на Црна Гора. Како дел од јуниорската беше виден неговиот квалитет, па сега останува истото да го потврди и на голот на Струга во новата сезона.