Женската младинска репрезентација на Македонија вечерва го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕХФ шампионатот во Скопје.
Шансите за полуфиналето се загубени, а натпреварот со Косово ќе биде само за задржување на третото место во групата.
Јасно е дека Македонија ќе разигрува за пласман од петтото до осмото место на овој ЕХФ шампионат в сабота и недела.
Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:30 часот, а може да го следите на следниот ЛИНК.