„Германците“ ќе играат до Нова Година – последни се приклучуваат на репрезентацијата

Машката сениорска репрезентација на Македонија в среда ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Подготовките ќе се одвиваат во две фази, од 22 до 30 декември во Маврово, каде што ќе бидат одиграни две средби со Кувајт, како и од 1 до 11 јануари во Скопје, каде што ќе бидат одиграни две средби со Израел.

Националниот тим ќе биде комплетен дури во втората фаза, па на 1 јануари селекторот Кире Лазаров би требало да ги има на располагање сите ракометари.

Горан Крстевски веќе ги заврши обврските со Фочани за оваа година, а најголем дел од репрезентативци од денеска до недела ќе ги одиграат последните клупски мечеви во 2021 година.

Никола Митревски на 22 декември со Порто ќе гостува кај Мадеира, па потоа ќе се приклучи на националниот тим, додека тројката – Жарко Пешевски, Филип Миркуловски и Филип Кузмановски, последните натпревари ги играат на 26/27 декември, па многу веројатно ќе биде на располагање само за втората фаза од подготовките во Скопје.

Преглед на последните клупски натпревари на репрезентативците: 

Никола Митревски – Порто (22/12, Мадеира – Порто)
Мартин Томовски – Вардар (17/12, Вардар – Бутел Скопје)
Марко Кизиќ – Еурофарм Пелистер (17/12, Радовиш – Еурофарм Пелистер)
Бојан Маџовски – Еурофарм Пелистер (17/12, Радовиш – Еурофарм Пелистер)
Цветан Кузманоски – Еурофарм Пелистер 2 (19/12, Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп)
Гоце Георгиевски – Вардар (17/12, Вардар – Бутел Скопје)
Ненад Костески – Еурофарм Пелистер (17/12, Радовиш – Еурофарм Пелистер)
Стојанче Стоилов – Вардар (17/12, Вардар – Бутел Скопје)
Жарко Пешевски – Штутгарт (26/12, Гепинген – Штутгарт
Никола Маркоски – Еурофарм Пелистер (17/12, Радовиш – Еурофарм Пелистер)
Кристијан Симоноски – Алкалоид (18/12, Алкалоид – Аеродром)
Филип Талески – Вардар (17/12, Вардар – Бутел Скопје)
Филип Кузмановски – Хановер (27/12, Рајн Некар – Хановер)
Михајло Младеновиќ – Охрид (18/12, Скопје – Охрид)
Филип Миркуловски – Вецлар (27/12, Либек – Вецлар)
Марко Мишевски – Вардар (17/12, Вардар – Бутел Скопје)
Горан Крстевски – Фочани (заврши со обврските за годинава)
Игор Ѓорѓиев – Алкалоид (18/12, Алкалоид – Аеродром)
Марко Митев – Бутел Скопје (17/12, Вардар – Бутел Скопје)
Мартин Велковски – Еурофарм Пелистер (17/12, Радовиш – Еурофарм Пелистер)
Мартин Серафимов – Алкалоид (18/12, Алкалоид – Аеродром)
Кире Лазаров – Нант (18-19/12, Нант – Монпелје)
Гоце Ојлески – Еурофарм Пелистер (17/12, Радовиш – Еурофарм Пелистер)
Костадин Петров – Металург (17/12, Струга – Металург)

Лазаров скрати список – смета на 24 ракометари за ЕП

Подготовките за ЕП стартуваат в среда, Македонија ќе тестира со Кувајт и Израел