Унијата на германски ракометари донесе одлука со која ќе им го олесни продолжението на сезоната на клубовите. Ракометарите ќе се откажат од дел од своите плати, во обид да им помогнат на клубовите да ги пребродат полесно економските последици од пандемијата на коронавирусот.
На ваков чекор најпрво се решија фудбалерите од Бундес лигата, а сега ги следат и ракометарите. Иако не е објавено за колкав процент на намалување на платите се работи, германските медиуми пишуваат дека станува збор за најмалку 25%.
„Јасно е дека и играчите мора да понесат некаква одговорност“, изјави германскиот репрезентативец Јоханес Битер.
Бундес лигата е стопирана најмалку до 22 април, но најверојатно тој датум ќе мора да биде поместен.