Вардар славеше минимално против Бутел Скопје во вториот натпревар на Струшкиот турнир со 25:24 и обезбеди пласман во финалето каде противник ќе му виде Еурофарм Пелистер.
Тренерот Веселин Вујовиќ го коментираше настапот за своите ракоемтари и ги сподели очекувањата од финалниот натпревар. Исто така истакна дека неговиот тим не е максимално подготвен и очекува подобри изданија во иднина.
„Сè што им кажав на играчите беше да го заборават овој натпревар, ова беше меч кој мора да се одигра. Ние сме голем мотив за Бутел, тие одиграа одличен натпревар. Не можам да кажам дека мојот тим не се трудеше, имавме лоша среќа со одбиените топки седум или осум отидоа во противничкиот тим. За разлика до Струга денеска имавме посериозен противник, ни недостасуваа некои играчи кои утре ќе бидат во составот но победиме. Го имаме Гурбиндо, дебитираеш со победа и го даде победничкиот гол што мислам дека за него е многу важно. Мислам дека во финалето сè ќе биде подобро“ рече Вујовиќ.
Вујовиќ го најави финалниот натрпревар и своите очекувања.
„Не сум сигурен дека мојот тим е подготвен 100% како што јас би сакал. Во финалето ќе играме вистински натперварувачки натпревар да победиме. Немам причина нешто да кријам јас како тренер не можам да дозволам да изгубиме двапати по ред, но можно е и тоа да се случи. Мислам дека во овој момент од сезоната Еурофарм Пелистер е во подобра форма, порастрчани и поопуштени се но сезоната е долга и ќе видиме што ќе се случува до крај. Не размислувам за играта на противникот, само се фокусирам на она што треба ние да направиме и моите играчи на кои треба да им дадам добар совет. Тие нека играат нивен начин ние на нашиот и ќе видиме што ќе се случи. Со доаѓањето на Гурбиндо за два тренинга се обидовме да поправиме седум-осум работи. Многу е тешко тоа да се смени за еден натпревар, имавме многу грешки но затоа служат пријателските натпревари“ заврши Вујовиќ.
За само неколку дена Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се сретнат по вторпат во борба за трофеј откако битолскиот тим славеше во Супер купот и го освои првиот пехар сезонава.