Втора победа за КЛ7, минимално совладан е Тиквеш

По победата на Аеродром, тимот на КЛ7 оствари втора победа на пријателските натпревари пред стартот на новата сезона. Совладан беше новиот суперлигаш Тиквеш со 27-26.

На стартот избраниците на Андон Бошковски водеа со 6-2, а до крајот на полувреме стигнаа и до плус пет, 15-10.

Во вториот дел домашните имаа и максимални плус шест, 19-13, но искусниот гостински тим успеа да го искористи падот на концентрација кај КЛ7.

Кавадарчани стигнаа до минус еден, но немаше време за комплетен пресврт и победата остана за КЛ7.

Тиквеш следната седмица ќе игра со Охрид и уште еднаш со КЛ7, додека КЛ7 ќе гостува и кај тимот на Металург.