Унгарија ќе биде ко-домаќин на Европското првенство во 2022 година заедно со Словачка, а Унгарците одлучија да ги реновираат арените во кои ќе се играат натпреварите.
Интересно е тоа што одлучија натпреварите да се играат во Сегедин, Дебрецин и Татабања, а во арента на Веспрем ќе нема натпревари од ЕУРО 2022. Така е одлучено затоа што трошоците за реновирање на арената на Веспрем се премногу големи.
Арената во Сегедин ќе биде прилагодена да собира 8.300 гледачи, а исто така ќе има и фитнес центар и сала за прес конференции. Во склоп на објектот ќе има и центар за рехабилитација и детски хотел каде што ќе можат да живеат и тренираат триесет млади ракометари. Во близина на салата е планирано да се изгради и ракометна гимназија, а сето тоа треба да биде завршено до ноември 2021 година.
Арените во Дебрецин и Татабања исто така ќе бидат реновирани и ќе ги исполнуваат сите современи барања за одржување на Европско тпвенство. Засега арената во Татабања се смета за резервен објект за Европското првенство.