Вториот викенд од јануари ќе биде резервиран за натпреварите од Лигата на шампионите во женска конкуренција кои поради ковид пандемијата беа одложени.
На програмат се три дуели, а екипата на Подравка патува во Данска каде за противник го има Одензе во рамките од 7. коло од ова натпреварување од Б групата.
Тимот од Данска има потреба од бодови за освојување на една од првите две позиции. Подравка на овој натпревар ќе настапи без притисок и со голема мотивација за што подобар пласман во втората група. Моментално ракометарките на Подравка имаат една победа и пет порази.
Во Москва ќе се игра интересен и неизвесен натпревар. ЦСКА на Сара Ристовска ќе се обиде и во вториот натпревар против Брест Бретања да триумфира. Првиот натпревар одигран во Франција го доби составот од Москва со резултат 30:28.
Составот на Будуќност, кој сега е предводен од Бојана Поповиќ ја пречекува екипата на Борусија Дортмунд. Овој натпревар е од голема важност за ракометарките на Будуќност доколку сакат да останат во игра за првите две позиции на табелата.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ОДЛОЖЕНИ СРЕДБИ (9 ЈАНУАРИ)
16:00ч
ЦСКА МОСКВА – БРЕСТ
ОДЕНЗЕ – ПОДРАВКА
18:00ч
БУДУЌНОСТ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД