Веспрем со тест победа против Татабања, два гола на Манасков

Ракометарите на Веспрем ја остварија првата победа во подготвителниот период за новата сезона откако во пријателска средба беа подобри од конкурентот во домашното првeнство Татабања со 32:25.

После израмнетиот почеток и резултат 5:5, Веспрем искористи неколку грешки на противникот и веќе во 15. минута има водство од 12:8. До крајот на првиот дел Татабања стигна до израмнување но во финишот Манасков и Лекаи погодија за 18:16 предност за Веспрем на полувреме.

Во продолжението на натпреварот Момир Илиќ продолжи да прави ротации во својот тим, а добрата одбрана донесе резултат и многу брзо Веспрем повтроно имаше четири предност. До крај на мечот Манасков и соиграчите немаа проблеми да ја сочуваат пoзитивата и да стигнат до победата.

Дејан Манаков натпреварот го заврши со два погодоци и едно промашувања. Најефикасни во составот на Веспрем беа Ненадиќ и Мае со по пет погодоци додека Цупара беше одличен со седум интервенции.