Унгарскиот првак Веспрем ќе биде ослабен за двобојот со шпанската Барселона од Лигата на шампионите.
Стратегот Давид Дејвис од претходно беше без услугите на Петар Ненадиќ, а на ручекот пред заминувањето на аеродром во Будимпешта, Андреас Нилсон се пожалил на болест.
За да не се ризикува било решено Нилсон да остане во Унгарија и да му се приклучи на остатокот на тимот за дуелот во Целје в четврток. Но тоа не било крај на малерите.
На аеродромот пред полетувањето, Вуко Борозан го замолил стратегот Дејвис да го ослободи поради семејни проблеми и веднаш се вратил назад во Балатонфуреди.
Нилсон и Ненадиќ веројатно ќе играат в четврток во Целје, додека Борозан ќе биде на располагање од следната недела.