Унгарскиот гигант Веспрем имаше само ден за одмор по елиминацијата од Нант во Лигата на шампионите.
Избраниците на Давид Дејвис денеска одиграа натпревар од домашното првенство и го совладаа Будакалас на гостински терен со убедливи 27-38.
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков немаше голема минутажа на овој натпревар и успеа да постигне еден гол од три обиди. Поради три исклучувања, доби и црвен картон на овој дуел.
Веспрем на коло до крајот ја има првата позиција на табелата, а таа носи предност во финалниот плеј-оф реваншот да го игра на домашен терен против второпласираната екипа на ПИК Сегед.