Веспрем без еден од најдобрите против Вардар!?

Вардар во четврток го игра првиот натпревар од двомечот во осминафиналето против Веспрем во Лигата на шампионите, а пред овој натпревар пристигнуваат лоши вести за унгарскиот состав.

Данскиот репрезентативец Расмус Лауге и член на Веспрем заработил повреда во обврските за репрезентација. Оваа информација потврди селекторот на Данска, Николај Јакобсен.

„Расмус се мачи со повреда која ја заработи на загревањето за натпреварот против Франција, не е сигурно дали може да биде спремен. Сакаме да го ослободиме и да се рахабилитира затоа што го чекаат важни натпревари за Веспрем“, изјави Јакобсен.

Вардар и Веспрем како што споменавме првиот натпревар од двомечот го играат за два дена во Скопје, а реваншот е закажан за на 6 март во „Веспрем Арена“.