Вардар со Кудуз против Алборг

Хрватскиот интернационалец Анте Кудуз по одличните партии против Загреб во регионалната СЕХА лига, беше надвор од терените.

Левиот бек имаше повреда, која веќе е надмината, но стратегот Веселин Вујовиќ не сметаше на него за дуелот со Еурофарм Пелистер.

Во Лигата на шампионите нема ограничување за странски ракометари, па Кудуз скоро сигурно ќе биде во ростерот на Вардар за дуелот со Алборг. Полското лево крило Јан Чувара исто така ќе биде подготвен за настап.

Натпреварот меѓу Вардар и Алборг се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.