Ракометарите на Вардар Неготино ја забележаа седмата победа во групата 1 од Првата лига и се најдоа на чекор до пласман во плеј-офот.
Во Неготино беше совладана екипата на Македонија Ѓорче Петров со убедливи 39-26, а и на полувреме водеа домашните со 16-12, па немаше никаква неизвесност на оваа средба.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Кузманов со девет и кадетскиот репрезентативец Ташев со седум, додека кај Македонија се истакнаа бековите Митревски со осум и Ѓорѓевски со шест голови.