Давид Писонеро е минато за Вардар, но по враќањето во татковината, тој откри дека раководството повторно му понудило да се врати на кормилото како прв тренер, и тоа само два и пол месеци откако беше назначен за помошник по првиот пораз од Кил во Скопје.
Писонеро дојде како наследник на Роберто Парондо и да ја продолжи шпанската низа започната со Раул Гонзалез, која донесе две европски круни во последните три сезони. Сепак Шпанецот откри дека немал намера да се враќа на местото прв тренер.
„Пред да се вратам, ми понудија да бидам прв тренер. Ми рекоа дека избрзале со одлуката и тука јас го прекинав разговорот. Тие веројатно направија чекор назад, но јас ги одбив, затоа што сето тоа немаше смисла. Ако требаше да се вратам, можеби и ќе го сторев тоа, затоа што имав договор со Вардар, но јас бев решен да ја раскинам соработката“, објави Писонеро за шпанските медиуми.
Нов кормилар на Вардар е Стевче Алушовски, кој ќе се обиде да го врати тимот на победничките патеки во пролетната полусезона.