Тимот на Вардар вечерва ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.
Ривал ќе биде белорускиот првак Мешков Брест, кој дојде во Скопје без Јуринок и Шкуринскиј.
Во Вардар ќе недостигаат трет натпревар по ред голманот Борко Ристовски и средниот бек Ловро Јотиќ, а надвор од ростерот исто така е Марко Мишевски.
Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра вечева во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.