Ракометарите на Вардар заминаа за Полска каде в сабота ќе го одиграат натпреварот од 8. коло од Лигата на шампионите, а тренерот Едуард Кокшаров и пред овој натпревар се соочува со проблеми. Во тимот повторно ќе го нема единствениот класичен десен бек кој настапуваше од стартот на сезоната, Даинис Кристопанс.
Повредата на Кристопанс заработена во СЕХА лигата на дуелот против Војводина, сепак, е посериозна од што се мислеше во прв момент и тој покрај тоа што не играше на првиот натпревар нема да може да помогне и на реваншот.
Ова значи дека одново вардарци ќе комбинираат и ќе мораат со Чупиќ како бек да ги напаѓаат колегите од Келце. Инаку, средбата се игра в сабота од 18 часот, а првиот меч одигран минатата сабота во Скопје заврши со нерешени 28:28.