Екипата на Бутел во првото коло од плеј-оф фазата од Супер машката лига дојде до победа на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 откако во неизвесна завршница триумфираше со 32:31. Составот на Еурофарм Пелистер 2 на овој натпревар беше драстично ослабен, недостасуваа Павле Петровиќ, Иван Димитроски, Никола Стоилевски и Димитар Димитриоски поради повреда.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 тешко се справуваа со поискусните играчи на Бутел, кои во првото полувреме покажаа моќно издание и речиси сите грешки на противникот ги казнуваа со погодок. Со погодоците на Тот и Мајиќ, гостите од Скопје стартуваа со водство од 3:0. Првиот погодок домаќините го постигнаа во 7. минута преку Цветан Кузмановски и во преостанатиот дел од првите 30 минути заостануваа на сериозна негатива.
Бутелци во два наврати водеа со седум гола позитива, 10:3 и 11:4. Ракометарите на Александар Јовиќ немаа предводник во своите напади, па така првите шест погодоци за Еурофарм Пелистер 2 беа постигнати од шест различни играчи.
По водството на Бутел од 11:4, помладите „фармацевти фатија ритам, направија серија од 4:0 и ја преполовија негативната разлика на минус четири, 11:7. Гостинскиот состав продолжи во ист ритам, постигна уште шест погодоци и на полувреме замина со плус пет, 17:12.
Бутел во второто полувреме до 50. минута константно беше во водство од четири до пет гола разлика. Во текот на 40. минута резултатот беше 21:16 за избраниците на Кристијан Грчевски. На голот на Бутел, Чаневски, никако не дозволуваше домаќините да влезат во налет и на секоја нивна акција за камбек одговараше со интервенција.
Во последните десет минути дојде до големо опуштање во редовите на Бутел. Еурофарм Пелистер 2 го искористи падот во играта на гостите и успеа да намали само на минус два негатива, 28:26, во 54 минута, а две минути подоцна, Кузманоски повторно беше успешен од контра за минус еден, 28:27.
Драмата на натпреварот продолжи до последната секунда. Бутел во последниот напад не успеа да дојде до реализација, а во последните пет секунди, Еурофарм Пелистер немаше време да организира напад за реми.
![]() ![]() 31 - 32Крај |
Детали
Датум | Време | Лига | Сезона | Match Day | Крај |
---|---|---|---|---|---|
5 март 2022 | 23:49 | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА | 2021/2022 | 05.03.2022 | 60' |
Место
Спортска сала „Боро Чурлевски“ |
---|
Резултати
Екипа | 1-во полувреме | 2-ро полувреме | Резултат |
---|---|---|---|
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 | 12 | 31 | Пораз |
БУТЕЛ | 17 | 32 | Победа |
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
# | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
---|---|---|---|---|
1 | Владимир Митревски | голман | 0 | 0 |
1 | Бобан Ристевски | голман | 0 | 0 |
3 | Цветан Кузманоски | лево крило | 0 | 4 |
7 | Андре Буторац | десен бек | 0 | 2 |
8 | Павле Атанасијевиќ | централен бек | 0 | 6 |
9 | Васко Димитровски | пивот | 0 | 1 |
10 | Христијан Митревски | десен бек | 0 | 0 |
12 | Христијан Јовановски | голман | 0 | 0 |
16 | Благојче Трајкоски | голман | 0 | 0 |
23 | Стефан Талевски | централен бек | 0 | 2 |
33 | Петар Атанасијевиќ | лево крило | 0 | 3 |
34 | Емилијан Ѓорговски | лев бек | 0 | 4 |
44 | Ненад Белистојановски | - | 0 | 0 |
66 | Милан Ѓукиќ | десно крило | 1 | 5 |
88 | Димитриј Блажевски | десен бек | 0 | 1 |
99 | Филип Арсеновски | пивот | 0 | 3 |
Вкупно | 1 | 31 |
БУТЕЛ
# | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
---|---|---|---|---|
5 | Иван Андревски | - | 0 | 0 |
7 | Томче Стојановски | лев бек | 1 | 0 |
8 | Димитар Ѓеоргиевски | централен бек | 1 | 4 |
10 | Марко Митев | централен бек | 0 | 2 |
14 | Бојан Спасовски | пивот | 0 | 0 |
15 | Златко Мојсоски | десно крило | 0 | 7 |
17 | Бојан Спасовски | десен бек | 0 | 0 |
28 | Градимир Чаневски | голман | 0 | 0 |
30 | Бојан Блажевски | голман | 0 | 0 |
33 | Владимир Јевтиќ | пивот | 0 | 4 |
64 | Мирко Мајиќ | лево крило | 1 | 7 |
94 | Денис Тот | десен бек | 0 | 7 |
96 | Кристијан Давитковски | десен бек | 0 | 0 |
22 | Стефан Стојчевиќ | пивот | 0 | 0 |
34 | Кристијан Василевски | пивот | 1 | 1 |
Вкупно | 4 | 32 |
Officials
Судии: | Делегат: |
---|---|
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ НИКОЛОВ СЛАВЕ | НИКОЛОВСКИ АЦО |