Денешниот ден беше резервиран за два заостанати натпревари од Лигата на шампионите во женска конкуренција. Будуќност на гостувањето во Романија беше поразен од романскиот шампион, Валчеа со резултат 25:23 (14:10) во рамките од Б групата.
Уште од самиот старт, Романките обезбедија водство од три голови и успешно го одржуваа до самиот крај. Екипата од Подгорица имаше замерки на делењето правда од страна на судиите од Молдавија, но како причина за поразот е слабата поддршка од страна на голманите.
Победничката екипа беше предводена од Евгенија Миневскаја со шест погодоци. Во составот предводен од Бојана Поповиќ се истакнаа Јованка Радичевиќ и Алисон Пино кои исто така беа стрелци на шест погодоци.
Мец беше изненаден во Будимпешта кај ФТЦ и забележа пораз од 32:30 ( 18:15) во натпревар од А групата. Во драматичен и неизвесен финиш, Унгарките беа подобар противник и заслужено се израдуваа на нова победа. Во составот на ФТЦ се истакна искусната ракометарка, Зита Сучански со седум погодоци. Во Мец најдобра беше Мелин Ноканди со осум погодоци.