Во текот на вчерашниот ден легендарниот капитен на Барселона, Виктор Томас, објави крај на богатата кариера поради проблеми со срцето.
Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров вчера му упати емотивна порака, а денеска тоа го стори и голманот Борко Ристовски, со кој две години играше во Барселона.
„Беше задоволство да се биде твој соиграч и да се дели соблекувалната со тебе. Иако бевме заедно само две години имам чувство како да се знаеме цел живот. Ти посакувам многу здравје, среќа и љубов на тебе и на твоето семејство. П.С. Не заборавај да имаш лавовско лице! Се гледаме!“, напиша Ристовски.