Борец потклекна дома против Партизан Гевгелија

Тимот на Партизан Гевгелија славеше на гостувањето во Велес кај екипата на Борец со 24-30 во 13 коло од групата 2 во Првата лига.

Последното коло, во кое Борец ќе игра на гости кај Јехона, а Партизан дома ќе игра со КЛ7, ќе биде само формалност.

Гевгеличани ќе играат во меѓуфазата, заедно со уште пет екипи (петто, шесто и седмопласираните во двете групи), додека велешани ги чека борба во плеј-аутот (заедно со уште двете најслаби од групата 1).

Најверојатно во следната сезона ќе се формира и Втора лига под капата на РФМ со оглед на најавите за уште нови екипи.