Грчкиот АЕК Атина стави крај на победничката серија на Еурофарм Пелистер која започна од Струшкиот турнир.
Избраниците на Жељко Бабиќ редеа само победи против македонски екипи на пријателските натпревари пред настапот на турнирот во Атина, таму ги победија Диомидис и Анортозис, а во финалето загубија од АЕК со 31-29.
Битолчани ќе имаат шанса за реванш веќе утре, кога ќе одиграат уште еден пријателски натпревар со грчкиот шампион.
Еурофарм Пелистер мора да ја одржува формата само со пријателски натпревари, со оглед на тоа што не игра во Суперлигата, а нема да има натпревари во СЕХА лигата и во Лигата на Европа во следните три седмици.