Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги доби ривалите во групната фаза во Лигата на Европа.
Битолчани ќе играат против Спортинг Лисабон, АЕК Атина, Кадетен Шафхаузен, Ним и Татабања. Тренерот Бабиќ вели дека екипите се изедначени.
„Сите знаеме дека Европската лига е силна, со клубови од сличен квалитет, а тука спаѓаме и ние секако. По ждрепката можам да кажам дека групата која ја добивме е баш изедначена. Ќе биде многу интересно, но ако сакаме да минеме во следниот круг мораме да бидеме многу прецизни и дисциплинирани, ќе мора навистина да се испотиме. Сепак, како што ќе ни биде нам тешко, така ќе биде и за останатите. Јас лично се радувам дека ќе има одлични натпревари, но неблагодарно е да се прогнозира било што. Ја користам оваа шанса да ги поздравам и нашите навивачи, без нив сè е понинаку. Сепак, спортот се игра поради навивачите. Ги повикувам да дојдат, да се радуваме, да ни помогнат, а јас сум уверен дека ќе им вратиме и ќе победуваме на наш терен“, изјави Бабиќ.
Капитенот Јосип Периќ исто така изјави дека ждрепката е добра за неговиот тим.
„Добивме неколку екипи со кои игравме во претходните години. Задоволни сме од оваа група, па можеме да се надеваме дека ќе минеме понатаму. Мислам дека Французите се најквалитетни, а потоа Кадетен од Швајцарија. Потоа сите останати екипи се тука некаде по квалитет и мислам дека таму мора да ја бараме нашата шанса, но не е исклучено дека можеме да ги добиеме и другите два тима. Фановите во Битола ќе бидат наша дополнителна сила бидејќи минатата сезона игравме пред празни трибини. Сметам дека оваа година ќе биде сосема поинаква приказна“, изјави Периќ.
Првиот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Ним се игра на 19 октомври.