Чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски, од следната сезона нема да биде дел од битолскиот клуб.
Капитенот на битолчани заминува од редовите на овој тим по пет сезони. Чаневски дојде во Битола од редовите на Вардар и со успех го носеше дресот на пелистерци.
Еурофарм Пелистер го договори ангажманот на Марко Кизиќ, кој потпиша договор на три години, а останува и египетскиот репрезентативец Карим Хендави.
33-годишниот Чаневски покрај за Вардар, со кој освои и титула во регионалната СЕХА лига, настапуваше и за Вардар Јуниор и Металург.
Со битолскиот тим играше во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и во СЕХА лигата и имаше забележителни партии.