Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја забележаа четвртата победа во петтиот натпревар од Суперлигата, откако славеа и на гостувањето кај незгодниот состав на Прилеп со 24-30.
Битолчани водеа уште од стартот 3-6, но во продолжение прилепчани фатија приклучок и намалија на 9-10.
Сепак избраниците на Горан Кузманоски ги зголемија грешките во нападот и погодија само еднаш до крајот на првиот дел, а примија дури шест, па на пауза се замина со 10-16 за Еурофарм Пелистер 2.
Во вториот дел немаше многу неивесност. Во два наврати домашните намалија на минус пет и тоа беше се од нив. Битолчани рутински ја одржаа позитивата од првото полувреме за конечни 24-30.
Џабе за Прилеп беа 12 гола од капитенот Чантурија, кој не можеше сам против расположените избраници на Александар Јовиќ. Кај Еурофарм Пелистер 2, кој патем играше без Емилијан Ѓорговски, се истакнаа Павле Атанасијевќ со седум гола, како и Кузманоски, Димитриоски и Ѓукиќ со по пет погодоци.