Екипите на Пелистер и Феникс АМС одиграа интересен натпревар во 3. Коло од групата А во Супер женската лига, а средбата заврши со победа на тимот на Пелистер од 29:24.
Овој натпревар донесе дури 20 седмерци од кои 14 беа искористени, а имаше и 11 исклучувања. Имаше борба во текот на сите 60 минути, а нијанси пресудија кој ќе дојде до победата на крајот од средбата.
И двете екпии добија по едно полувреме. Феникс АМС имаше водство во првите 30 минути. Успеа да замине на одмор со 16:15, но во вториот дел до израз дојде играта на Пелистер и овој тим го обезбеди водството во втората половина од полувремето и го контролираше до крајот.
На крајот беше 29:24 така што Пелистер обезбеди нови бодови во трката за што повисок пласман на табелата.
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС АМС 29:24 (15:16)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.
ПЕЛИСТЕР: Гецовска, Кајческа, Дишковска, Јанкуловска 4, Етемовска 6, Гроздановска, Босиловска 6, Захариева, Милосављевиќ 3, Шишковска, Тодоровска, Наумовска 10, Калајџи, Николоска, Ѓоргиевска.
Седмерци: 10/15, Исклучувања: 6 мин.
ФЕНИКС АМС: Кокиноска, Богоеска, Рујановска 8, Пашиќ 1, Јанкуловска, Лазаревска 1, Шиниковска 1, Корлевска 2, Илиевска 1, Ризоска 10, Анчевска, Стојановска.
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 16 мин.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А
ТАБЕЛА