Раководството на регионалната БЕНЕ Лига одлучи да нема старт на натпреварите оваа сезона.
Натпреварите нема да се одиграат, а причина поради прекин на лигата е состојбата со коронавирусот, особено во Белгија.
Ракометните федерации на Белгија и Холандија одлучија доколку се подобри ситуацијата да се пронајде алтернативна форма за БЕНЕ Лигата.
„Здравствената криза и ситуациите со сите засегнати страни нè натераа да одлучиме да не ја организираме БЕНЕ Лигата оваа година и да се фокусираме на следната сезона. Доколку ситуацијата драстично се подобри, ќе ја разгледаме можноста за алтернативна форма на БЕНЕ Лигата“, вели Мишел Кранзен, претседател на Надзорниот одбор.
Лигата е основана во 2008 година, а во изминатите години се натпреваруваа екипи од Холандија, Белгија и Луксембург.