Европската ракометна федерација објави дека ждрепката за завршниот турнир во Лигата на шампионите од претходната сезона ќе се одржи на 10 ноември.
Поради откажаните натпревари, ЕХФ одлучи прво и второпласираните по групната фаза – Веспрем, Кил, ПСЖ и Барселона, да играат на завршниот турнир.
Тој ќе се одржи во „Ланксес Арена“ во Келн на 28 и 29 декември, а кој против кого ќе игра на Ф4 ќе се знае на 10 ноември.
Вардар ќе биде европски првак до крајот на годинава, а единствен македонски претставник ќе биде левото крило Дејан Манасков, во дресот на Веспрем.