Дербито во 7. коло од Лигата на шампионите се играше во Кил каде што германскиот шампион ја дочека Барселона. Гостите остварија голема победа на жешкиот терен во Германија со 26:32.
Натпреварот беше израмнет и рамноправен во првите 20 минути, Барселона имаше само минимално водство но Кил одржуваше приклучок. Од 10:10 следуваше серија од три гола на каталонскиот тим за прво повисоко водство во 25. минута.
До крајот на првиот дел Кил успеа да ја намали негативата, но сепак Барселона замина на одмор со предност од 15:16. Првите десет минути од вториот дел беа решавачки за победникот на натпреварот. Шпанскиот првак повторно ја зголеми предноста на четири гола.
Оваа разлика се одржуваше во наредните пет минути, во 45. минути Фраде погоди за пет гола предност за Барселона и најави триумф на гостинскиот тим. Кил немаше против игра и не успеваше да ја врати незивесноста на натпреварот. До крајот на мечот гостите имаа и највисоко водство од седум гола, 24:31 и рутински го приведоа до крај натпреварот за голем триумф.
Најефикасни во домашниот тим беа Дувњак и Екберг со по пет гола, а Зарабец постигна четири. Никлас Ландин имаше 12 одбрани. Во тимот на Барселона најефикасен Дика Мем со шест гола, додека по четири постигнаа Ентрериос и Јанц. Голем придонес во победата на Барселона имаше голманот Мелер со 18 интервенции.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО
ГРУПА А
ФЛЕНЗБУРГ – МЕШКОВ БРЕСТ 29:29 (13:11)
ПОРТО – ПСЖ 31:34 (16:12)
ВАРДАР – КЕЛЦЕ 29:33 (13:16)
ПИК СЕГЕД – ЕЛВЕРУМ одл.
ГРУПА Б
АЛБОРГ – ВЕСПРЕМ 27:33 (18:16)
ППД ЗАГРЕБ – МОТОР 23:24 (13:13)
КИЛ – БАРСЕЛОНА 26:32 (15:16)
НАНТ – ЦЕЛЈЕ одл.