Балтичката лига ја „копира“ СЕХА

Панданот на СЕХА лига во прибалтичките земји, Литванија, Естонија и Летонија е Балтичката лига, која сезонава не го доживеа својот крај.

Федерациите на овие три земји се согласија Балтичката лига од наредната година да има поинаков формат на натпреварување. Отсега во натпреварувањето ќе учествуваат по четири екипи од Литванија, Естонија и Летонија.

Новиот формат предвидува клубовите, надјобрите четири екипи од земјата наредната сезона да насапуваат само во Балтичката лига, а за натпреварите од плеј офот да се приклучат на домашното првенство.

Главната цел на овој проект е заеднички интерес на балтичките држави да го направат ракометот конкурентен како спорт.

Претходно во оваа конкуренција играа и екипи од Украина, Белорусија и Финска, но тоа повеќе нема да биде случај.