Екипата на Вардар денеска против Пик Сегед ќе има три измени во однос на првиот натпревар, а во составот ќе ги нема голманот Борко Ристовски, Марко Вујин и Мартин Карапалевски.
На нивно место се тројца млади ракометари и репрезентативци на Македонија, Марко Кизиќ, Марко Мишевски и Димитар Димитриоски. Тие ќе добијат шанса на дуелот кој денеска се игра во Унгарија со почеток во 18:45 часот.
Во екипата на Пик Сегед практично и нема измена, а само има еден ракометар плус во однос на првиот дуел. Сега во составот се најде и Дмитри Житников, кој не играше на првиот дуел бидејќи во неделата тимот од Унгарија беше со 15 ракометари во Скопје.
Веќе е познато дека оваа средба ќе ја водат арбитрите од Данска, Мадс Хансен и Јеспер Мадсен, додека делегат е Унгарецот Балаш Сос.