Еден од носителите на играта во репрезентацијата на Фарски Острови, средниот бек Оли Митун, би можел да го пропушти дебитанскиот настап на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.
18-годишниот член на Савехоф незгодно се повреди во натпреварот против Онеред и мораше веднаш да го напушти теренот. Митун има повреда на десното стапало и сѐ уште не се знае дали повредата е сериозна.
Потенцијалната, нова светска ѕвезда беше меѓу главните стрелци на островската репрезентација во квалификациите за пласман на континенталниот собир во јануари.
Ракометарот на Савехоф на Европското кадетско првенство во Црна Гора (2022) го доби признанието за најдобар стрелец и играч, односно МВП.
Една година подоцна, односно на Светското кадетско првенство во Хрватска повторно имаше одлични партии, па така се најде во идеалниот тим на кадетскиот Мундијал како најдобар среден бек, но и стрелец.
Репрезентацијата на Фарски Острови ќе биде еден од дебитантите на Европското првенство во Германија. Ривали на островската земја во рамки од групната фаза се репрезентациите на Норвешка, Словенија и Полска.
Фарски Острови со еден ракометар од домашното првенство на ЕП