ЅВЕЗДА НА 7. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – АНГЕЛА ШЕХТАНСКА (КУМАНОВО)

Ракометарката на Куманово, Ангела Шехтанска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 7. коло во Супер женската лига.

Шехтанска имаше одлична партија на натпреварот кој нејзиниот тим го доби против Пелистер на домашен терен.

Таа го освои првото место откако доби околу 57% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека Леона Миленкоска освои околу 40%.

Во конкуренција за ѕвезда на 7. коло беа уште и членките на Вардар и Металург Автокоманда, Леона Миленкоска и Марија Јанкуловска.